Нов Завет

Евреите 5:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. И никој сам не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон.

5. Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, ту­ку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“

6. Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мел­хиседеков.“

7. Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата пот­чинетост од почит беше чуен.

8. Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада,

9. а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни,

10. и од Бога беше наречен Прво­свеш­те­ник по чинот Мелхиседеков.

11. За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, би­дејќи тешко сфаќате.

Прочитајте целосна глава Евреите 5