Нов Завет

Евреите 5:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, би­дејќи тешко сфаќате.

12. Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.

13. Секој што се храни со млеко, е не­вешт во словото на правдата, бидејќи е дете;

14. а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.

Прочитајте целосна глава Евреите 5