Нов Завет

Евреите 5:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Зашто секој Првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се пос­та­вува на служба Божја, да принесува да­рови и жртви за гревовите,

2. и да може да ги разбира оние што се неумешни и заблудени, бидејќи и сами­от е со слабости;

3. и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви.

4. И никој сам не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон.

5. Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, ту­ку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“

Прочитајте целосна глава Евреите 5