поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

Евреите 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Да внимаваме пак, додека уште ни е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да не би се открило дека некој од вас би можел да задоцни.

2. Зашто и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние што го беа чуле не поверуваа.

3. А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот спо­кој“, иако Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот.

4. Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“

5. И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“

6. И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност;

7. Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Де­нес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“

8. Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе по­тоа за друг ден.

9. Но, за народот Божји сѐ уште ос­та­нува саботна починка.

10. Зашто, кој ќе влезе во спокојот Не­гов, тој ќе се одмора од делата свои, ка­ко и Бог од Своите.

11. И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.

12. Зашто, словото Божјо е живо и деј­ствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозо­кот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.

13. И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.

Исус е нашиот Првосвештеник

14. Имајќи Го големиот Првосвеште­ник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.

15. Зашто, ние немаме таков Прво­свештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој ис­кусил сѐ како и ние, освен грев.

16. И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да при­миме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.