Нов Завет

Евреите 3:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.

13. Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот;

14. зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога;

15. додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат ср­цата ваши онака како кога се побунив­те.“

16. А кои беа тие што чуја и пак се по­бунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет?

Прочитајте целосна глава Евреите 3