Нов Завет

Евреите 3:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос.

2. Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот не­гов дом.

3. Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот!

4. Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог.

5. И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти.

Прочитајте целосна глава Евреите 3