Нов Завет

Евреите 13:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што стра­даат, зашто и самите сте во тело.

4. Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.

5. Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;

6. така што слободно да велиме: „Гос­под ми е помошник, и нема да се пла­шам; што може да ми направи човек?“

7. Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.

8. Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.

9. Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.

10. Ние имаме жртвеник од кого не­ма­ат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,

11. бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на грево­вите, се изгоруваат надвор од живе­алиштето.

Прочитајте целосна глава Евреите 13