Нов Завет

Евреите 13:10-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Ние имаме жртвеник од кого не­ма­ат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,

11. бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на грево­вите, се изгоруваат надвор од живе­алиштето.

12. Затоа и Христос, за да ги освети лу­ѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.

13. И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,

14. бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.

15. Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.

16. А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

Прочитајте целосна глава Евреите 13