Нов Завет

Евреите 13:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Взаемната љубов нека пребива меѓу вас!

2. Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.

3. Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што стра­даат, зашто и самите сте во тело.

4. Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.

5. Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;

6. така што слободно да велиме: „Гос­под ми е помошник, и нема да се пла­шам; што може да ми направи човек?“

Прочитајте целосна глава Евреите 13