Нов Завет

Евреите 11:4-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­рови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува.

5. Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога.

6. А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.

7. Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­даше, со послушност го направи ков­чегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера.

8. Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што требаше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди.

9. Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под ша­тори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување;

10. зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог.

11. Преку вера и самата Сара – иако бе­ше неплодна, доби сила да зачне и, пок­рај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил.

12. И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.

13. Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.

14. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина.

Прочитајте целосна глава Евреите 11