Нов Завет

Евреите 11:34-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;

35. жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и „не при­фа­тија да бидат ослободени“, за да добијат подоб­ро воскресение;

36. а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и зат­вор;

37. со камења беа убивани, со пила се­чени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам –

38. тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пеш­тери и јами во земјата.

39. И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,

40. зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршен­ство.

Прочитајте целосна глава Евреите 11