Нов Завет

Евреите 11:10-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог.

11. Преку вера и самата Сара – иако бе­ше неплодна, доби сила да зачне и, пок­рај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил.

12. И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.

13. Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.

14. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина.

15. И ако ја беа имале на ум онаа тат­ковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат.

16. Но тие сакаа подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.

17. Авраам со вера го принесе како жртва Исака, кога беше искушуван; и тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син,

18. за кого му беше речено: „Потом­ството од Исак ќе се нарече со твое име“;

19. зашто тој сметаше дека е Бог силен и дека и мртви може да воскреснува и така да речам, го прими Исак воскреснат.

20. Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината.

21. Со вера Јаков на умирање го бла­гослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“

22. Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израилеви од Египет и им даде упатства за коските свои.

Прочитајте целосна глава Евреите 11