Нов Завет

Ефесјаните 6:7-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,

8. знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ спо­ред доброто, што го направил.

9. А и вие, господарите, исто така, од­несувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!

10. Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!

11. Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лу­кавство;

12. зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните упра­вители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.

13. Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.

14. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во окло­пот на праведноста,

15. и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир.

16. А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;

17. земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!

18. Со секаква молитва и молба во се­која пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрај­ност и молитва за сите светии,

19. и за мене, та, кога ќе ја отворам ус­тата да ми се даде слободно да ја со­општувам тајната на Евангелието,

20. поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.

21. А за да знаете и вие, како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, воз­љубениот брат и верен служител во Господ.

22. Него го пратив кај вас за да дозна­ете како сме, и за да ги охрабри срцата ваши.

23. Мир на браќата и љубов со вера од Бога Отецот и од Господ Исус Христос.

24. Благодат со сите што Го сакаат на­шиот Господ Исус Христос – во нераспадливост. Амин.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6