Нов Завет

Ефесјаните 6:5-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Вие, слуги, бидете послушни кон ва­шите земни господари со страв и тре­пет, во простота на срцето, како кон Христос,

6. не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, из­вр­шувајќи ја волјата Божја од срце,

7. драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,

8. знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ спо­ред доброто, што го направил.

9. А и вие, господарите, исто така, од­несувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!

10. Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!

11. Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лу­кавство;

12. зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните упра­вители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.

13. Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.

14. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во окло­пот на праведноста,

15. и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6