Нов Завет

Ефесјаните 5:7-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. затоа, не станувајте нивни соучесници.

8. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!

9. Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито –

10. одлучете се за она што Му е мило на Бога!

11. Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!

12. Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5