Нов Завет

Ефесјаните 5:3-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,

4. ниту, пак, срамни и будалести збо­ро­ви или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.

5. Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.

6. Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа гневот Бож­ји врз синовите на непокорноста;

7. затоа, не станувајте нивни соучесници.

8. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!

9. Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито –

10. одлучете се за она што Му е мило на Бога!

11. Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!

12. Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува.

13. А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.

14. Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“

15. Па така, внимавајте добро како жи­веете! Не како безумни, туку како муд­ри;

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5