18. помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незнаење и тврдокорноста на нивното срце;
19. дојдени до бесчувство, тие се предадоа на разврат и ненаситно вршат секаква нечистота.
20. Но вие не Го познавте така Христа,
21. ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус,
22. тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби,
23. за да се обновите со духот на својот ум
24. и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска праведност и светост.
25. Поради тоа, откако ја отрфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.
26. Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш;
27. И не давајте му место на ѓаволот.