Нов Завет

Ефесјаните 4:16-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

17. Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;

18. помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незна­ење и тврдокорноста на нивното срце;

19. дојдени до бесчувство, тие се пре­да­доа на разврат и ненаситно вршат се­каква нечистота.

20. Но вие не Го познавте така Хрис­та,

21. ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус,

22. тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно жи­ве­ење, кој се распаѓа во измамливите желби,

23. за да се обновите со духот на својот ум

24. и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска праведност и светост.

25. Поради тоа, откако ја отрфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4