Нов Завет

Ефесјаните 4:13-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота,

14. та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.

15. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос.

16. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

17. Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;

18. помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незна­ење и тврдокорноста на нивното срце;

19. дојдени до бесчувство, тие се пре­да­доа на разврат и ненаситно вршат се­каква нечистота.

20. Но вие не Го познавте така Хрис­та,

21. ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус,

22. тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно жи­ве­ење, кој се распаѓа во измамливите желби,

23. за да се обновите со духот на својот ум

24. и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска праведност и светост.

25. Поради тоа, откако ја отрфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.

26. Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш;

27. И не давајте му место на ѓаволот.

28. Крадецот да не краде веќе, туку нека се труди и подобро е да се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба.

29. Никаков гнасен збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат.

30. И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето.

31. Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4