Нов Завет

Ефесјаните 4:12-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13. додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота,

14. та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.

15. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос.

16. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

17. Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;

18. помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незна­ење и тврдокорноста на нивното срце;

19. дојдени до бесчувство, тие се пре­да­доа на разврат и ненаситно вршат се­каква нечистота.

20. Но вие не Го познавте така Хрис­та,

21. ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус,

22. тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно жи­ве­ење, кој се распаѓа во измамливите желби,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4