Нов Завет

Ефесјаните 2:12-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. дека во она време бевте без Хрис­та, отстранети од општеството на Из­раил, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот;

13. но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.

14. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив,

15. откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на запо­ве­дите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир,

16. и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе.

17. И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски,

18. зашто преку него и едните и дру­ги­те имаме пристап кај Отецот во еден Дух.

19. И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,

20. зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос,

21. врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ;

22. врз Кого и вие ќе се соѕдате во живеалиште Божјо преку Духот.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 2