Нов Завет

Дела 7:5-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад.

6. И му рече Бог вака: „Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години.

7. Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то.

8. И му го даде заветот за обрезание. Потоа на Авраам му се роди Исак и тој го обреза на осмиот ден; а Исак го роди Јакова, Јаков, пак, дванаесетте патри­јар­си.

9. Патријарсите беа завидливи кон Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,

10. и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фа­раонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом.

11. Тогаш настана глад и голема мака по целата земја египетска и хананска, и нашите татковци не наоѓаа храна.

12. А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, ги прати таму по прв пат тат­ковците наши.

13. И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го за­позна родот на Јосиф.

14. Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и сиот свој род – седумдесет и пет души.

15. И така Јаков слезе во Египет, и та­му умре тој и татковците наши;

16. и ги пренесоа во Сихем, и ги по­ло­жија во гробот, што во Сихем го беше купил за сребро Авраам од синовите на Емор.

17. Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето,

18. сѐ додека во Египет не дојде друг цар кој не го познаваше Јосиф.

19. Тој лукаво постапи со нашиот на­род, ги мачеше татковците наши, при­силувајќи ги своите новороденчиња да ги оставаат за да не останат живи.

Прочитајте целосна глава Дела 7