46. кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јаковов.
47. А Соломон Му изгради дом,
48. но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот;
49. ‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка?
50. Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘
51. Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.
52. Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци станавте сега и вие,
53. вие, што го примивте Законот преку ангелите, а не го одржавте.“
54. Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него.
55. А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога,
56. и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“
57. Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него.
58. И откако го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле.
59. И додека фрлаа камења врз Стефан, тој повикуваше и велеше: „Господи Исусе, прими го духот мој!“
60. Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.