Нов Завет

Дела 7:43-60 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

43. Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, идоли што ги направивте вие за да им се поклонувате: и Јас ќе ве преселам потаму од Вавилон.‘

44. Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што бе­ше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.

45. Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид,

46. кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јако­вов.

47. А Соломон Му изгради дом,

48. но Севишниот не живее во ракот­во­рени храмови, како што вели пророкот;

49. ‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое мес­то е за Мојата почивка?

50. Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘

51. Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.

52. Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Пра­вед­ни­кот, чии предавници и убијци станавте сега и вие,

53. вие, што го примивте Законот пре­ку ангелите, а не го одржавте.“

54. Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него.

55. А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога,

56. и рече: „Еве, ги гледам небесата от­ворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“

57. Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него.

58. И откако го изведоа надвор од гра­дот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Сав­ле.

59. И додека фрлаа камења врз Сте­фан, тој повикуваше и велеше: „Гос­по­ди Исусе, прими го духот мој!“

60. Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, по­чи­на.

Прочитајте целосна глава Дела 7