Нов Завет

Дела 7:39-54 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

39. и кому нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија со срцата свои и се свртеа кон Египет,

40. велејќи му на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на оној Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘

41. И во оние дни направија лик на те­ле, и му принесоа жртви на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.

42. А Бог се одврати од нив и ги остави да му служат на воинството небесно, како што е напишано во Книгата на пророците: ‚Доме Израилев, Ми прине­совте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пус­тината?

43. Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, идоли што ги направивте вие за да им се поклонувате: и Јас ќе ве преселам потаму од Вавилон.‘

44. Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што бе­ше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.

45. Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид,

46. кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јако­вов.

47. А Соломон Му изгради дом,

48. но Севишниот не живее во ракот­во­рени храмови, како што вели пророкот;

49. ‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое мес­то е за Мојата почивка?

50. Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘

51. Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.

52. Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Пра­вед­ни­кот, чии предавници и убијци станавте сега и вие,

53. вие, што го примивте Законот пре­ку ангелите, а не го одржавте.“

54. Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него.

Прочитајте целосна глава Дела 7