Нов Завет

Дела 7:27-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас?

28. Или, пак, и мене сакаш да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘

29. Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина.

30. И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен во една капина.

31. Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, пристигна до него гласот Господов:

32. ‚Јас сум Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јако­вов.‘ Мојсеј се стресе и не смееше да погледа.

33. А Господ му рече: ‚Собуј си ги обув­ките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја!

34. Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега пријди да те пратам во Египет!‘

35. Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ‚Кој те поставил за началник и судија‘, него Бог преку ангелот, кој му се јави во капината, го прати за начал­ник и избавител.

36. Тој ги изведе, правејќи чудеса и зна­ци во земјата египетска и во Црвеното Море и во пустината во тек на четири­есет години.

37. Тоа е оној Мојсеј што беше им ре­кол на синовите Израилеви: ‚Господ, Бог ваш, меѓу браќата ваши ќе ви из­дигне Пророк како мене. Него пос­лу­шајте Го!‘.

38. Тоа е оној што на собирот во пусти­на­та на Планината Синајска беше со ан­гелот кој му зборуваше, и со татковците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде,

39. и кому нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија со срцата свои и се свртеа кон Египет,

Прочитајте целосна глава Дела 7