Нов Завет

Дела 7:21-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. А кога беше оставен, него го приб­ра фараоновата ќерка и го одгледа ка­ко свој син.

22. И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела.

23. А кога навршуваше четириесет го­дини, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израилеви.

24. И кога виде дека еден од нив го нав­редуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот.

25. Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија.

26. А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советува­ше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘

27. Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас?

28. Или, пак, и мене сакаш да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘

29. Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина.

30. И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен во една капина.

31. Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, пристигна до него гласот Господов:

Прочитајте целосна глава Дела 7