Нов Завет

Дела 7:2-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. А тој одговори: „Луѓе браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан,

3. и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘

4. Тогаш тој излезе од земјата Хал­деј­ска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресе­ли во оваа земја, каде што живеете вие сега.

5. И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад.

6. И му рече Бог вака: „Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години.

7. Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то.

8. И му го даде заветот за обрезание. Потоа на Авраам му се роди Исак и тој го обреза на осмиот ден; а Исак го роди Јакова, Јаков, пак, дванаесетте патри­јар­си.

9. Патријарсите беа завидливи кон Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,

10. и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фа­раонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом.

11. Тогаш настана глад и голема мака по целата земја египетска и хананска, и нашите татковци не наоѓаа храна.

12. А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, ги прати таму по прв пат тат­ковците наши.

13. И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го за­позна родот на Јосиф.

14. Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и сиот свој род – седумдесет и пет души.

15. И така Јаков слезе во Египет, и та­му умре тој и татковците наши;

16. и ги пренесоа во Сихем, и ги по­ло­жија во гробот, што во Сихем го беше купил за сребро Авраам од синовите на Емор.

Прочитајте целосна глава Дела 7