Нов Завет

Дела 7:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тогаш првосвештеникот рече: „Та­ка ли е тоа?“

2. А тој одговори: „Луѓе браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан,

3. и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘

4. Тогаш тој излезе од земјата Хал­деј­ска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресе­ли во оваа земја, каде што живеете вие сега.

5. И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад.

6. И му рече Бог вака: „Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години.

Прочитајте целосна глава Дела 7