1. Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?“
2. А тој одговори: „Луѓе браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан,
3. и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘
4. Тогаш тој излезе од земјата Халдејска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, каде што живеете вие сега.
5. И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад.
6. И му рече Бог вака: „Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четиристотини години.
7. Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова место.
8. И му го даде заветот за обрезание. Потоа на Авраам му се роди Исак и тој го обреза на осмиот ден; а Исак го роди Јакова, Јаков, пак, дванаесетте патријарси.
9. Патријарсите беа завидливи кон Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,
10. и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом.