Нов Завет

Дела 4:31-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

31. И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.

32. А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.

33. Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив.

Прочитајте целосна глава Дела 4