Нов Завет

Дела 4:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свеш­тениците, старешината на храмот и са­дукеите,

2. огорчени што тие го поучуваат на­родот и навестуваат воскресение на мрт­вите во името на Исус Христос;

3. и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило.

4. А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади.

5. Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,

6. првосвештеникот Ана, Кајафа, Јо­ван и Александар, и сите што му при­па­ѓаа на родот првосвештенички.

7. Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“

8. Тогаш Петар, исполнет со Дух Све­ти, им рече: „Началници народни и ста­решини израилски,

9. ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван,

10. тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го рас­пнавте, Кого Бог Го воскресна од мрт­ви­те.

11. Тој е оној камен што од вас ѕ­ида­ри­те беше отфрлен, Кој стана камен те­мелник;

Прочитајте целосна глава Дела 4