Нов Завет

Дела 3:13-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на татковците наши Го прослави својот Син Исус, Кого вие Го пре­да­дов­те и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти.

14. Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец,

15. а Го убивте Зачетникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите; за тоа сме ние сведоци.

16. И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и овој човек пред сите вас.

17. А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници.

18. А Бог, она што однапред го навести преку устата на сите пророци Свои, односно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни.

19. Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши,

20. за да дојдат од Господа времиња за освеување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос,

21. Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог преку устата на сите Свои пророци од создавањето на светот.

22. Мојсеј им беше рекол на тат­ковците: ‚Господ Бог ваш од браќата ваши ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘

23. И секој што не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот.

24. А сите пророци што пророкуваа, од Самоил, па и оние по нив, го навестуваа исто така и ова време.

25. Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го беше направил со вашите предци, велејќи му на Авраам: ‚И во потомството твое ќе бидат бла­гословени сите народи на земјата.‘

Прочитајте целосна глава Дела 3