Нов Завет

Дела 3:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Еден ден Петар и Јован заедно оти­доа во храмот во деветтиот час, часот за молитва.

2. Таму имаше еден човек, сакат уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред портата на храмот на­речена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.

3. Тој, кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, запроси милостина и од нив.

4. А Петар, заедно со Јован, го впери кон него погледот и му рече: „Погледни во нас!“

5. И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив.

Прочитајте целосна глава Дела 3