Нов Завет

Дела 28:7-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.

8. А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.

9. Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.

10. Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред замину­ва­ње нѐ снабдија со сите потребни работи.

11. По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше прези­мил на тој остров и носеше знак Диос­­кури.

12. И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.

13. Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;

14. таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.

15. Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.

16. Штом стигнавме во Рим стотникот му ги предаде затворениците на војводата, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.

17. По три дни Павле ги повика пр­вен­ците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не нап­равив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните.

18. И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;

19. но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.

20. Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; зашто заради на­дежта на Израил сум окован во овие ланци.“

Прочитајте целосна глава Дела 28