5. Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.
6. А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и велеа дека е тој бог.
7. Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.
8. А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.
9. Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.
10. Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
11. По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и носеше знак Диоскури.
12. И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.
13. Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;
14. таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.