Нов Завет

Дела 28:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И тогаш, откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит.

2. А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, би­дејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.

3. А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.

4. Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“

5. Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.

6. А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го про­ме­нија мислењето и велеа дека е тој бог.

7. Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.

8. А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.

Прочитајте целосна глава Дела 28