Нов Завет

Дела 27:24-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. и рече: ‚Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред царот; и ете, Гос­под ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘

25. Затоа, браќа, не плашете се, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено.

26. Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“

27. Беше веќе четиринаесетта ноќ, от­како бевме носени наваму – натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се при­бли­жу­ваат до некакво копно,

28. и, кога ја измерија длабочината, от­крија дека изнесува дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати.

29. И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кор­ми­лото спуштија четири котви, па чекаа да осамне.

30. А кога морнарите намислија да по­бегнат од коработ, и спуштија чун во морето како да ќе спуштаат котви од предната страна,

31. Павле му рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на ко­работ, вие не можете да се спасите.“

32. Тогаш војниците ги пресекоа ја­жи­њата на чунот и го оставија да падне долу.

33. И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.

34. Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“

35. Штом го рече тоа, зеде леб, Му бла­годари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде.

36. Тогаш се ободрија сите и зедоа храна;

Прочитајте целосна глава Дела 27