Нов Завет

Дела 26:21-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. Затоа ме фатија Јудејците во храмот и се обидоа да ме убијат.

22. Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она што беа го зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи:

23. дека Христос мора да пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им про­поведа светлина.“

24. А додека го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: „Си полудел ли, Павле! Многубројните кни­ги те довеле до лудило!“

25. А тој одговори: „Не сум луд, по­чи­туван Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум.

26. Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, заш­то тоа не е вршено во некој агол.“

27. „Веруваш ли, царе Агрипа, во Про­роците? Знам дека веруваш.“

28. Агрипа му одговори на Павле: „Уште малку, па ќе ме убедиш да ста­нам христијанин!“

29. А Павле рече: „Би Му се молел на Бога и за малку и за многу не само ти, но и сите, што ме слушате денес, да ста­нете такви, каков што сум и јас, но без овие окови.“

30. Кога го кажа тоа, царот и намесни­кот Верникиј и оние, што седеа со нив, станаа

31. и, откако се повлекоа на страна, зборуваа меѓу себе и велеа дека тој чо­век не прави ништо што заслужува смрт или окови.

32. И Агрипа му рече на Фест: „Овој човек можеше да биде ослободен, ако не беше посакал суд пред царот.“ Затоа намесникот реши да го испрати пред царот.

Прочитајте целосна глава Дела 26