13. среде бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.
14. Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодил.‘
15. А јас реков: ‚Кој си ти, Господи?‘ Тој одговори: ‚Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.
16. Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам,
17. издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои ќе те испратам сега,
18. за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘
19. Затоа, царе Агрипа, јас не се противев на небесното видение,
20. но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни за покајание.
21. Затоа ме фатија Јудејците во храмот и се обидоа да ме убијат.
22. Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она што беа го зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи:
23. дека Христос мора да пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина.“
24. А додека го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: „Си полудел ли, Павле! Многубројните книги те довеле до лудило!“
25. А тој одговори: „Не сум луд, почитуван Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум.
26. Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, зашто тоа не е вршено во некој агол.“
27. „Веруваш ли, царе Агрипа, во Пророците? Знам дека веруваш.“