Нов Завет

Дела 25:8-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. А тој, бранејќи се, рече: „Со ништо не се огрешив ни против Законот јудеј­ски, ни против храмот, ниту, пак, против царот.“

9. Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павле и рече: „Сакаш ли да одиш горе во Ерусалим и таму да ти се суди за тоа од мене?“

10. А Павле одговори: „Стојам пред царевиот суд, каде што треба да бидам суден. Јудејците не сум ги навредил со ништо, како што и ти тоа многу добро го знаеш.

11. Зашто, ако сум виновен и сум на­правил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме пре­даде на нив. Се повикувам на царот.“

12. Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, – рече, – кај царот ќе појдеш.“

13. А откако минаа неколку дена, ца­рот Агрипа и Верникиј слегнаа во Ке­сарија за да го поздрават Фест.

14. И бидејќи таму останаа повеќе де­но­ви, Фест му рече на царот за Павле, ве­лејќи: „Феликс остави еден човек во затворот.

15. Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.

16. Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.

17. И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;

18. и кога застанаа околу него обви­ни­телите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;

Прочитајте целосна глава Дела 25