Нов Завет

Дела 25:7-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. А кога го доведоа, Јудејците што беа дошле од Ерусалим, застанаа наоколу, и многу тешки обвиненија изнесуваа против Павле, кои не можеа да ги до­ка­жат.

8. А тој, бранејќи се, рече: „Со ништо не се огрешив ни против Законот јудеј­ски, ни против храмот, ниту, пак, против царот.“

9. Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павле и рече: „Сакаш ли да одиш горе во Ерусалим и таму да ти се суди за тоа од мене?“

10. А Павле одговори: „Стојам пред царевиот суд, каде што треба да бидам суден. Јудејците не сум ги навредил со ништо, како што и ти тоа многу добро го знаеш.

11. Зашто, ако сум виновен и сум на­правил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме пре­даде на нив. Се повикувам на царот.“

12. Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, – рече, – кај царот ќе појдеш.“

13. А откако минаа неколку дена, ца­рот Агрипа и Верникиј слегнаа во Ке­сарија за да го поздрават Фест.

Прочитајте целосна глава Дела 25