Нов Завет

Дела 25:15-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.

16. Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.

17. И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;

18. и кога застанаа околу него обви­ни­телите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;

19. туку против него имаа некакви пре­пирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Пав­ле вели дека е жив.

20. А јас, не знаејќи што да правам со овој, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да биде суден.

21. Но, бидејќи Павле побара да биде чуван до судската одлука на неговото височество, заповедав да го држат под стража, додека го пратам кај царот.“

22. Тогаш Агрипа му рече на Фест: „Би сакал и јас да го сослушам тој човек.“ А тој одговори: „Утре ќе го сослушаш.“

23. Утредента, кога Агрипа и Верникиј дојдоа со голем сјај и влегоа во судницата заедно со војводите и најугледните граѓани, по заповед на Фест, го доведоа Павле.

24. Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте со нас овде! Го гледате овој, за кого целото мнозинство Јудејци дојдоа кај мене, и во Ерусалим и овде, и викаа дека тој повеќе не треба да жи­вее.

25. Но јас, кога разбрав дека тој не направил ништо достојно за смрт, и бидејќи тој сам се повика на неговото височество, решив да го пратам кај него.

26. За него, пак, немав поправо што да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, и особено пред тебе, царе Агрипа, за да можам, откако ќе се сврши испитувањето, нешто да напишам.

Прочитајте целосна глава Дела 25