Нов Завет

Дела 25:12-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, – рече, – кај царот ќе појдеш.“

13. А откако минаа неколку дена, ца­рот Агрипа и Верникиј слегнаа во Ке­сарија за да го поздрават Фест.

14. И бидејќи таму останаа повеќе де­но­ви, Фест му рече на царот за Павле, ве­лејќи: „Феликс остави еден човек во затворот.

15. Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.

16. Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.

17. И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;

18. и кога застанаа околу него обви­ни­телите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;

19. туку против него имаа некакви пре­пирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Пав­ле вели дека е жив.

20. А јас, не знаејќи што да правам со овој, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да биде суден.

21. Но, бидејќи Павле побара да биде чуван до судската одлука на неговото височество, заповедав да го држат под стража, додека го пратам кај царот.“

Прочитајте целосна глава Дела 25