Нов Завет

Дела 23:2-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. А првосвештеникот Ананија на оние, што стоеја пред него, им заповеда да го удрат по устата.

3. Тогаш Павле му рече: „Бог тебе ќе те удри, ѕиду варосан! Ти седиш, за да ме осудиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!“

4. А оние што стоеја пред него, рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го навредуваш?“

5. Павле одговори: „Не знаев, браќа, дека тој е првосвештеник; бидејќи е на­пишано: ‚Началникот на твојот народ да не го злословуваш.‘“

6. А кога дозна Павле дека еден дел од нив се садукеи, а другиот – фарисеи, из­вика во Синедрионот: „Луѓе браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; за надеж во воскресение на мртвите ми се суди!“

7. Кога го кажа тоа, настана расправија меѓу фарисеите и садукеите, и мно­зина од народот се раздвоија.

8. Зашто садукеите велат дека нема ни воскресение, ни ангел, ни дух; а фарисе­ите го признаваат и едното и другото.

9. Настана голема врева; и станаа книжниците од фарисејската страна и почнаа да се препираат, велејќи: „Ниш­то лошо не наоѓаме во овој човек; ако, пак, нему му зборувал дух или ангел, тогаш да не Му се противиме на Бога.“

10. И бидејќи настана голема ме­ша­ни­ца, заповедникот, уплашен да не го растргнат Павле, им заповеда на војниците да слезат и да го грабнат од нив и да го одведат во тврдината.

Прочитајте целосна глава Дела 23