Нов Завет

Дела 23:16-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле.

17. А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“

18. И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го дове­дам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“

19. Заповедникот го фати за рака, застана со него на страна и го праша: „Што имаш да ми кажеш?“

20. А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе са­ка­ат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело.

21. Но ти не им верувај, зашто ќе го че­каат четириесет, а и повеќе од чети­ри­есет нивни луѓе, што се заколнале да не јадат, ниту да пијат, сѐ додека не го убијат; и сега се веќе готови, чекаат само да им ветиш.“

22. Тогаш заповедникот го испрати момчето и му порача: „Никому не ка­жувај дека си ми го кажал ова!“

23. Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час ноќеска;

24. и пригответе добици, за да го качат Павле и да го одведат до намесникот Феликс!“

25. Напиша и писмо со оваа содржина:

26. „Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс.

27. Овој човек беа го фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас се појавив со војска и го одзедов, бидејќи разбрав де­ка е римски граѓанин.

28. И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион,

29. и дознав дека го обвинуваат по пра­шање од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови.

30. И бидејќи ми беше соопштено дека Јудејците намислиле лошо против тој човек, јас го пратив веднаш кај тебе, от­како им порачав и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против не­го. Биди здрав!“

31. И така, војниците го зедоа Павле, и онака како што им беше заповедано, го одведоа ноќе во Антипатрида.

32. А на вториот ден се вратија во тврдината, откако ги оставија коњаниците да одат со него.

Прочитајте целосна глава Дела 23