Нов Завет

Дела 22:25-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски гра­ѓанин, и тоа без пресуда?“

26. Кога го слушна тоа стотникот, оти­де да го извести заповедникот, па му ре­че: „Што мислиш да правиш? Овој чо­век е римски граѓанин!“

27. Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски гра­ѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“

28. А заповедникот рече: „Тоа гра­ѓан­ско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“

29. И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповед­ни­кот, кога дозна дека е тој римски гра­ѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.

30. На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и запо­веда да дојдат првосвештениците и це­лиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.

Прочитајте целосна глава Дела 22