Нов Завет

Дела 22:13-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него.

14. Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова,

15. зашто ќе Му бидеш сведок пред си­те луѓе за она што си видел и слушнал.

16. И сега, зошто се задржуваш? Ста­ни, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘

17. А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,

18. Го видов како ми вели: ‚Побрзај, из­лези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Ме­не!‘

19. Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по си­на­гогите оние, кои веруваа во Тебе;

20. и кога се проливаше крвта на Сте­фан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘

21. И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам да­леку – кај незнабошците.‘“

22. И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“

23. И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот,

24. заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.

25. Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски гра­ѓанин, и тоа без пресуда?“

Прочитајте целосна глава Дела 22