Нов Завет

Дела 22:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Мажи браќа и татковци! Пос­лушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“

2. А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:

3. „Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град кај нозете Гамалиилови, поучен точно спо­ред Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и вие сите денес.

4. До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени.

Прочитајте целосна глава Дела 22