Нов Завет

Дела 22:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Мажи браќа и татковци! Пос­лушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“

2. А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:

3. „Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град кај нозете Гамалиилови, поучен точно спо­ред Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и вие сите денес.

4. До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени.

5. За тоа може да посведочи прво­свеш­теникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Да­маск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат каз­не­ти.

6. Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од не­бото ме осветли силна светлина.

7. Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘

8. Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Гос­поди?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘

9. Оние, кои беа со мене, ја видоа свет­лината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.

10. Тогаш реков: ‚Што да правам, Гос­поди?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘

11. И бидејќи од болскотот на таа свет­лина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.

Прочитајте целосна глава Дела 22